Утрински Весник
Свет

Автобус паднал во провалија длабока повеќе од сто метри, четири лица загинале

Четворица туристи загинаа, а 16 се повредени во сообраќајна несреќа во Перу по посетата на античкиот град на Инките Мачу Пикчу.

dobivaj vesti na viber

Двајца од загинатите туристи биле од Колумбија, а другите двајца се уште не се официјално идентификувани, соопшти провинциската влада во Куско, пренесува Јутарњи.хр.

Меѓу повредените има четворица Французи, двајца Грци, Канаѓани, Израелци, Аргентинци и Перуанци и едно неидентификувано лице.

Несреќата се случила ноќта кон понеделникот, на место кое е на околу сто километри од Куско, некогашниот главен град на Инките, од каде туристите ја започнуваат својата обиколка на Мачу Пикчу.

– Автобусот паднал во провалија длабока повеќе од сто метри – изјави министерот за труд и туризам Роберто Санчез, истакнувајќи дека на местото на несреќата имало магла.

– Туристите со тешки повреди беа превезени со воен авион во Лима – додаде тој.

Сообраќајните несреќи се чести во Перу поради лошата патна мрежа, брзото возење и несоодветната сигнализација.

Пред три дена, 16 лица загинаа кога нивниот автобус падна во провалија во провинцијата Јунино, во центарот.

Околу 5.000 туристи го посетуваат Мачу Пикчу во просек секој ден, пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

На британските затвореници им се доставува дрога со дронови

Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина

Иранскиот претседател Пезешкијан во интервју за Такер Карлсон: „Сакаме мир, но ќе се браниме ако сме нападнати“