Утрински Весник
Свет

Првиот документ за безбедносни гаранции за Украина на крајот на август

Првиот документ за меѓународни безбедносни гаранции за Украина би можел да се појави на 29 или 30 август, најави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.

dobivaj vesti na viber

По средбата со советниците на претседателите на Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Романија и Унгарија, тој рече дека безбедносните гаранции се многу важно прашање за Украина и дека работата на тој документ е во тек, пренесува Танјуг.

Тој додаде дека е запознаен со текстот и дека ќе биде многу силен документ.

За време на преговорите меѓу Русија и Украина на 29 март во Истанбул, украинската страна предложи да се потпише меѓународен договор за нов систем на безбедносни гаранции за таа земја.

Можете да прочитате

Брутално убиство на син на украински политичар

Папата Лав XIV ги повикува различните заедници во Либан на обединување за да ја надминат кризата

Белгиската полиција изврши претрес во ЕЕАС во рамки на истрага за злоупотреба на средства