Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Кривична одговорност за сите надлежни во власта кои дозволиле поликлиника да врши операции без лиценца

Кривична одговорност за сите надлежни во власта кои дозволиле поликлиника да врши операции без лиценца. Со привидното тргање на Ирина Бухова од чело на ДСЗИ, не се завршува случајот со поликлиниката Промедика, која вршела операции без дозвола. Одговорност мора да има за сите надлежни, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Не само заминување од функција, туку и кривична одговорност за Бухова и за Филипче, кој како министер за здравство дозволил незаконие.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека додека народот ги плаќал Бухова и Филипче да се грижат за здравството, тие премолчувале работење без лиценца.

Со СДСМ во здравството, граѓаните не се сигурни за своето здравје, дури и откако ќе посетат здравствена установа. Одговорност мора да има, за никогаш да не се повтори здравството да биде водено од интереси на тесна клика луѓе, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт