Утрински Весник
Македонија

Поголем дел од селото Лажани е под вода поради обилните дождови

Регионалниот центар за управување со кризи во Прилеп соопшти дека попладнево Општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани биле зафатени од поројни дождови што предизвикале поплавување на повеќе населени места од опшината Долнени и тоа Лажани, Дебреште и Житоше.

dobivaj vesti na viber

„Најкритично е во селото Лажани каде што поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во куќите“, велат од ЦУК.

За состојбата со поплавите е запознаен и градоначалникот на Општина Долнени, Дирекцијата за заштита и спасување Прилеп и Полициската станица Ропотово.

До овој момент општината не побарала помош од Центарот, се наведува во извештајот.

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР