Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Големи пожари во Португалија, метеоролозите предвидуваат температури до 40 степени

300x250 opst2

Португалија, погодена од третиот топлотен бран од почетокот на јули,  се бори со неколку пожари додека земјата до утре е во состојба на готовност поради заканата од шумски пожари. Попладнево речиси 2.000 пожарникари се мобилизирани за гаснење на пожарите низ државата, соопшти цивилната одбрана.

dobivaj vesti na viber

Најголемиот пожар беснееше во околината на Вила Реал, на крајниот север, а вчера почна да се шири и во внатрешноста на тешко пристапното планинско подрачје.

„Според привремената проценка, во пожарот изгореа 4.500 хектари“, рече на пладне националниот директор за цивилна заштита Андре Фернандеш во обраќањето до јавноста.

Метеоролозите најавуваат температура до 40 степени

Во борбата против овој шумски пожар, Португалија денеска може да смета на помошта на два грчки канадери испратени како дел од европскиот механизам за солидарност.

Состојбата на тревога, која Владата ја прогласи вчера, го ограничува пристапот до шумите, забранува пиротехника и предвидува зголемување на нивото на мобилизација на помошта.

Португалскиот метеоролошки институт (ИПМА) соопшти дека за денеска и утре температурата во внатрешноста на земјата ќе биде блиску до 40 Целзиусови степени. Португалија, која годинава беше погодена од исклучителна суша, го имаше најтоплиот јули во последните речиси сто години.

Научниците предупредуваат дека климатските промени ја зголемуваат веројатноста за појава на топлина и суша, а со тоа и шумски пожари.

Можете да прочитате

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови