Утрински Весник
Свет

Русите објавија видео: „Ова е жената што ја уби ќерката на Дугин, таа влегла во нејзината зграда“

Службата за безбедност на Русија ФСБ ги обвини украинските тајни служби дека стојат зад експлозијата во која загина Дарја Дугина, ќерката на рускиот филозоф и идеолог на Кремљ Александар Дугин, објавија руските новински агенции.

dobivaj vesti na viber

Дарја Дугина загина кога експлозивна направа го разнела автомобилот Toyota Land Cruiser што го возела. Се верува дека вистинската мета бил самиот Дугин, филозоф со големо влијание врз Кремљ, а Украина негираше дека стои зад експлозијата.

ФСБ објави дека зад убиството стои Украинката Наталија Вовк, родена 1979 година. Објавија и видео за кое тврдат дека се гледа како Наталија Вовк ја преминува руската граница, влегува во зградата во која живеела Дарја Дугина и заминува за Естонија.

Руската служба тврди дека жената и нејзината ќерка пристигнале во Русија во јули и го подготвувале нападот со месеци. Тие изнајмиле стан во истиот станбен комплекс во кој живее Дугина и го истражувале нејзиниот начин на живот, се вели во соопштението на ФСБ.

Во саботата вечерта напаѓачот присуствувал на настан во околината на Москва на кој учествувале Дугина и нејзиниот татко, пред да изврши „контролирана експлозија“ на автомобилот и да побегне во Естонија.

Тврдат дека во Русија влегла со Mini Cooper со регистерски таблички на НР Доњецк, а потоа ги сменила за казахстански. Кога се враќала во Украина, ставила, како што тврдат, украински таблички. Тврдат дека сега е во Естонија.

Можете да прочитате

Израел ги нападна Хутите во Јемен

Трамп најави дополнителни царини за секој што ќе соработува со „антиамериканскиот сојуз БРИКС“

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70