Утрински Весник
Свет

Виталиј Кличко: Потребна е нова „железна завеса“ кон Русија

Неопходно е повторно да се воспостави „железната завеса“. Русија секојдневно покажува дека е земја на диктатура, а повеќе од 70 отсто од Русите го поддржуваат Владимир Путин“, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

dobivaj vesti na viber

Тој бара повторно да се воспостави „железната завеса“ против Русија, но не со нов ѕид, туку со забрана за влез на руските граѓани кои сакаат да се одморат на запад.

Кличко за весникот „Билд“ изјави дека не може да поднесе Русите да уживаат во Европа, на одмор на плажа, додека руски војници убиваат Украинци.

Можете да прочитате

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени