Утрински Весник
Свет

Рускиот дипломат Генадиј Гатилов ја отфрли можноста за мировни преговори со Украина

Високиот руски дипломат Генадиј Гатилов, постојан претставник на Русија во Обединетите нации во Женева, ја отфрли можноста војната во Украина да се реши со преговори и предупреди дека конфликтот може да се претвори во долготрајна војна.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Гатилов изјави дека нема да има директни средби меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски, пренесе „Би-Би-Си“.

Гатилов тврдеше дека Киев и Москва се „многу блиску“ до договор за прекин на конфликтот во април, а потоа го обвини Западот дека го продолжува конфликтот „до последниот Украинец“.

„Колку подолго трае овој конфликт, толку потешко ќе биде да се постигне дипломатско решение“, рече тој.

Гатилов ги пофали напорите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој се труди максимално да го олесни дијалогот меѓу Русија и Украина,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Пожар ја зафати главната сцена на фестивалот Tomorrowland

Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат

Во Украина ќе биде испратена воена опрема вредна милијарди долари, најави Трамп