Утрински Весник
Свет

Гром усмрти планинар во Грција

Планинарската трка на планината Фалакро во грчка Драма заврши со трагедија, бидејќи еден од планинарите загинал при удар на гром, додека другиот натпреварувач е во тешка состојба, јави грчкиот јавен сервис „ЕРТ“.

dobivaj vesti na viber

Третиот алпинист, кој цела ноќ останал со загинатиот и повредениот тркач, покажал знаци на хипотермија, а со нив била и жена која во шок била однесена дома.

Во акцијата за спасување учествувале 14 пожарникари со пет возила.

Повредените мажи со хеликоптер биле пренесени во Крисупола, а потоа во болницата во Кавала.

Трката започна во саботата навечер, во подножјето на Фалакрос, а поразениот тим бил блиску до целта кога се случил фаталниот удар од гром.

 

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела