Утрински Весник
Спорт

Чориќ го победи Циципас и го освои Синсинати

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ го постигна најголемиот успех во кариерата откако во финалето на Мастерсот во Синсинати за нешто помалку од два часа игра го совлада Стефанос Циципас со 7:6 (0), 6:2.

dobivaj vesti na viber

Хрватот пристигна во Охајо како 152. играч во светот, но во текот на целата недела играше брилијантно и потсети на деновите пред повреда кога беше 12. во светот. Хрватот претходно ги победи Лоренцо Музети, Рафаел Надал, Роберто Баутиста Агут, Феликс Огер Алиасиме и Камерон Нори на патот кон титулата.

Чориќ ја освои третата титула во кариерата, односно прва по 2018 година кога славеше во Хале. Првпат го крена АТП купот во 2017 година во Маракеш.

Чориќ е четвртиот тенисер оваа сезона која ја освои својата прва титула на Мастерс серијата. Претходно тоа им успеа на Американецот Тејлор Фриц и Шпанците Карлос Алкараз и Пабло Карењо Буста.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина