Утрински Весник
Свет

Исламистите окупираа хотел во Сомалија, се бореа со војската 30 часа

Сомалиските сили ја прекинаа опсадата на хотел во главниот град на Сомалија, Могадишу, изјави воен офицер за Ројтерс, додавајќи дека сè уште ги отстрануваат експлозивите расфрлани околу зградата.

dobivaj vesti na viber

Најмалку 12 лица, од кои повеќето цивили, загинаа додека елитните вооружени сили на Сомалија водеа 30-часовна битка против милитантите поврзани со Ал Каеда кои упаднаа во хотелот Хајат со два автомобили бомби и отворија оган во петокот вечерта.

„Сè уште ги истражуваме експлозиите кои беа расфрлани околу хотелот“, рече Мохамад Али, воен офицер на местото на настанот.

Француската новинска агенција France-Presse претходно објави дека сите напаѓачи се убиени, цитирајќи го командантот за безбедност.

Нападот во петокот беше првиот ваков голем инцидент откако претседателот Хасан Шеик Мохамуд ја презеде функцијата во мај.

Можете да прочитате

Голема британска банка отпушта 5000 работнции, дел ќе бидат заменети со АИ

Германската армија предупредува на сериозна закана од руска саботажа

Судот во Франција досудува изненадувачки благи казни за обвинетите за немирите