Утрински Весник
Свет

Ракетен напад на пазар во северна Сирија, најмалку 9 лица загинаа, меѓу кои 5 деца

Најмалку девет лица, меѓу кои најмалку пет деца, загинаа денеска во ракетен напад на пазар во градот Ал Баб на северот на Сирија, соопшти службите за итни случаи од таа област, која е во рацете на бунтовници.

dobivaj vesti na viber

Хуманитарната организација „Бели шлемови“ која делува во делови на Сирија кои сè уште се под контрола на вооружените опозициски групи, изјави дека во нападот се повредени најмалку 28 лица, пренесува Ројтерс и пренесува Танјуг.

За време на 11-годишната војна, Сирија беше поделена на различни зони на контрола меѓу завојуваните фракции.

Ал Баб се наоѓа во провинцијата Алепо под контрола на бунтовниците поддржани од Турција.

Сириските демократски сили (SDF) поддржани од САД, предводени од курдски групи кои отворија дијалог со владата во Дамаск, исто така контролираат делови од северот и североистокот, додека другите делови од земјата се во рацете на сириските власти.

Шефот на медиумскиот центар на СДФ, Фархад Шами, рече дека групата нема никаква врска со денешниот напад. Активистите во Ал-Баб планираа протест по муслиманската пладневна молитва во петокот за да ги осудат повиците на Анкара за помирување меѓу сириската влада и опозицијата, но демонстрациите беа прекинати поради страв од понатамошно насилство,пренесуваат агенциите.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури