Утрински Весник
Свет

(Видео) Најмалку 2 лица загинаа по судир на авиони при слетување на аеродром во Калифорнија

Два мали авиони се судрија во Северна Калифорнија додека се обидуваа да слетаат на локалниот аеродром, при што загинаа најмалку две од трите лица во него, соопштија официјални лица.

dobivaj vesti na viber

Авионите се урнале во четвртокот на локалниот аеродром во близина на градот Вотсонвил во американската сојузна држава Калифорнија, нешто пред 15 часот, се наведува во соопштението на градските власти на Твитер.

Аеродромот во сопственост на градот нема контролна кула за насочување на слетувањето и полетувањето на авионите, пренесува АП.

Во моментот на несреќата во двомоторниот Цесна 340 имало две лица, а во едномоторната Цесна 152 само пилотот, соопшти американската Федерална управа за авијација.

Официјалните лица рекоа дека биле пријавени повеќе смртни случаи, но сè уште не е познато дали некој преживеал, според АП.

Авионите биле на висина од околу 60 метри кога се урнале, изјавил очевидец за локалниот весник.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците