Утрински Весник
Свет

Борел: Сега не е време за кревање тензии

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеп Борел, се обрати пред новинарите по денешната средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Аљбин Курти.

dobivaj vesti na viber

Борељ на почетокот на своето обраќање рече дека денешниот состанок не бил редовен, туку е свикан поради влошување на ситуацијата на теренот.

„Мирот и стабилноста мора да победат, и затоа е свикана оваа средба. Овие разговори се водат во драматичен момент, додека војната во Украина продолжува. Сега не е време за подигање на тензиите“ – рече Борел.

Тој истакна дека на средбата било договорено разговорите да продолжат и во наредниот период, со цел нормализирање на ситуацијата на Косово.

„Најважни се следниве прашања. Тоа е прашањето за табличките и документите за влез и излез од Косово и Метохија. Меѓународната заедница не сака тензиите да се зголемат, а страните се одговорни за ескалацијата на теренот. За жал, ние денеска не постигнаа договор, но ова не е крајот на приказната „Двајцата лидери се согласија дека процесот мора да продолжи, и дека разговорите ќе продолжат и во наредниот период. Има уште време до 1 септември. Не се откажувам“ рече тој.

Шефот на дипломатијата на ЕУ додаде дека приемот на Белград и Приштина во ЕУ мора да остане главна цел и дека двете страни мора да најдат начин да постигнат договор.

„Ова беше долг ден и сакам уште еднаш да повторам дека се согласивме да ги продолжиме разговорите, на политички интелигентен начин, со цел да создадеме безбедност и стабилност за сите граѓани во регионот. Ова е наша обврска и одговорност“ – заклучи Борел.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците