Утрински Весник
Спорт

Седлоски: Подготвени сме за предизвикот и веруваме во пласман во групите од КЛ

Македонскиот првак Шкупи ќе го пречека косовскиот тим Балкани утревечер (21 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје во првиот дуел од плеј-офот за групна фаза од Конференциската лига на УЕФА. Последен обид да се стигне до најголемиот успех во клупската историја.

dobivaj vesti na viber

Тренерот Гоце Седлоски го респектира противникот, но и потенцира дека неговиот тим е подготвен за предизвикот.

„Мислам дека сме подготвени за предизвикот и треба да одиграме најдобро што знаеме. Во таков случај, уверен сум дека успехот ќе дојде. Ова е последната шанса да избориме групна фаза во европските купови и се надевам дека ќе ја искористиме. Бевме малку разочарани по елиминацијата од Шамрок, но сега сме максимално фокусирани на овој двомеч. Балкани е квалитетен тим, одигравме пријателски натпревар со нив во текот на подготовките, а сега ќе се сретнеме за пласман во групите од Конференциската лига на УЕФА“, изјави Гоце Седлоски на денешната прес – конференција.

Можете да прочитате

Несторовски: Милевски не сака играчи со силен карактер, затоа ме отпиша од репрезентацијата

Вељко Пауновиќ официјално нов селектор на Србија

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб