Утрински Весник
Свет

САД го проучуваат одговорот на Иран на предложениот нуклеарен договор

Dik 300x250 mk

САД го проучуваат одговорот на Иран на предлогот на Европската унија за спас на нуклеарниот договор, споделувајќи ги своите ставови со европскиот блок, изјави денеска портпаролот на американскиот Стејт департмент, пренесе Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Претходно денеска Иран објави дека испратил писмен одговор на обновувањето на нуклеарниот договор со светските сили, пренесе АП.

Иранската државна новинска агенција ИРНА не ја објасни содржината на одговорот, но посочи дека Техеран сè уште не го прифаќа предлогот со посредство на Европската унија, и покрај предупредувањата дека нема да има дополнителни преговори.

– Разлики постојат во три прашања, во кои САД покажаа вербална флексибилност, но тоа треба да биде вклучено во текстот. Третото прашање се однесува на гаранција за продолжување на договорот, што зависи од прифаќањето на реалната ситуација од Вашингтон – се наведува во извештајот на агенцијата ИРНА.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан претходно ги повика САД да покажат флексибилност во решавањето на трите преостанати прашања, сугерирајќи дека одговорот на Техеран нема да биде конечно прифаќање или отфрлање.

Дипломати и официјални лица изјавија за британската новинска агенција дека без разлика дали Техеран и Вашингтон ќе ја прифатат конечната понуда на ЕУ или не, ниту една од страните веројатно нема да го прогласи договорот за „мртов“, бидејќи неговото одржување во живот е во интерес на двете страни,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно