Утрински Весник
Свет

Тајпеј: Кина води информативна војна против Тајван

Dik 300x250 mk

Тајпеј денеска го оцени како претерано тоа што Кина објави видео од стратешки важните острови Пенгу, каде се наоѓа голема тајванска воздухопловна база и рече дека не е точно оти кинеските сили се приближиле до островите, пренесува Ројтерс.

dobivaj vesti na viber

Кина, која тврди дека Тајван е нејзина територија, спроведе воени вежби околу островот претходно овој месец по посетата на Тајпеј од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Источната воена команда на Кина, која е одговорна за областа околу Тајван, во понеделникот објави видео од островот Пенгу, очигледно направено од авион на кинеското воздухопловство, наведува британската агенција.

Заменик-началникот на штабот на тајванските воздухопловни сили им рече на новинарите во Тајпеј дека станува збор за кинеска информативна војна, но не понуди објаснување како настанала снимката.

Кина користи претерани трикови за психолошка војна за да покаже колку е блиску до островот Пенгу, што не е точно, изјави воен претставник во Тајпеј. Тајванското Министерство за одбрана, во извештајот за активностите на кинеското воздухопловство во близина на островот во понеделникот, на мапа покажа дека најблиску кинески авиони до Пенгу тој ден биле четири ловци Ј-16.

Според прикажаната карта, тие ја преминале централната линија на Тајванскиот теснец, неофицијалната бариера меѓу двете страни, но останале поблиску до кинескиот брег отколку до овој остров, наведува Ројтерс.

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи