Утрински Весник
Економија

Киев: Брод со 23.000 тони пченица замина за Африка

Украинскиот извоз на жито е намален од почетокот на војната поради затворањето на нејзините црноморски пристаништа, клучен канал за снабдување, што ги зголеми глобалните цени на храната и ги зголеми стравувањата од недостиг во Африка и на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

Бродот „Храбар командант“ го напушти украинското пристаниште Пивдени, превезувајќи го првиот товар хуманитарна помош и храна за Африка од Украина по рускиот напад на таа земја, пренесува Ројтерс.

Товарен брод со 23.000 тони пченица се упати кон африканското пристаниште Џибути со товар наменет за потрошувачите во Етиопија, соопшти украинското Министерство за инфраструктура.

Можете да прочитате

Луфтханза цел јуни нема да лета на релација Франкфурт – Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да зборува за економија, затоа што ја доведе државата на раб на банкрот

Со годишна просечна плата во Скопје можат да се купат 4,5 квадратни метри стан