Утрински Весник
Економија

Народната банка го објави Поимникот на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење

Во рамки на активностите за финансиска едукација, Народната банка изработи Поимник на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење.

dobivaj vesti na viber

Со Поимникот е објаснето значењето на околу стотина стручни термини, на едноставен јазик, разбирлив за широката јавност. Поимникот, е достапен на следнава врска: https://www.nbrm.mk/poimnik.nspx

Финансиската едукација е една од стратегиските цели на Народната банка. Населението коешто има познавања од областа на финансиите ги знае предностите од користењето различни финансиски услуги и е посвесно за ризиците. Овој вид едукација, во крајна линија, обезбедува поголема вклученост на населението во финансиските текови и олеснет пристап до финансии. Токму затоа, се преземаат низа активности за подобрување на финансиската писменост. На иницијатива на Народната банка, заедно со останатите финансиски регулатори, минатата година беше изработена и првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија. Народната банка презема повеќе тековни активности, како организација на предавања, анкети, изработка на едукативни материјали, со цел организирано и системско подобрување во овој сегмент.

Можете да прочитате

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во безбедно и одржливо производство

„И здравје и работа“: Да градиме рударство што создава работа, развој и сигурна иднина

„Рапид билд“ за 29,4 милиони евра ќе го гради гасоводот со Србија, треба да биде готов во 2028 година