Утрински Весник
Свет

Автобус со деца од Србија се преврте во Бугарија

Автобус со деца од Србија се преврте во канал на автопатот „Тракија“ кај градот Стара Загора, изјави за Нова ТВ, Станимир Станев, заменик главен секретар на бугарското МВР.

dobivaj vesti na viber

Автобусот со српски регистрации, во кој се превезувале деца, излетал на автопатот, а информациите се дека има многу повредени. Според бугарските медиуми, несреќата се случила нешто по 20 часот на 216. км во правец на Софија.

Голем дел од автомобилите што минувале застанале, а на повредените им помогнале десетици луѓе. Според првичните информации 10 деца се тешко повредени.

Полицијата и пожарникарите се на терен, а сообраќајот на овој дел од автопатот е ограничен.

Децата од Србија се враќале од одмор на бугарското крајбрежје.

Засега нема информации за загинати, јавуваат локалните медиуми, повикувајќи се на полициски информации.

Можете да прочитате

ЕУ: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нема да ги укинеме санкциите кон Русија

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус