Утрински Весник
Свет

Секој ден расте опасноста за нуклеарната централа Запорожје, велат украинските власти

Опасноста од нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина, за чие гранатирање меѓусебно се обвинуваат Киев и Москва повеќе од една недела, „се зголемува секој ден“, изјави градоначалникот на градот каде што е централата.

dobivaj vesti na viber

„Опасноста се зголемува секој ден“, рече Дмитро Орлов, градоначалник на Енерходар во телефонски разговор за АФП, осудувајќи го рускиот „вистински нуклеарен тероризам“, кој „во секој момент може да заврши со непредвидени последици“.

„Нуклеарната централа е гранатирана секој ден и ноќ од окупираните села“ – додаде тој и рече дека „ситуацијата е сериозна и најзагрижувачко е што нема процес на деескалација“.

Енерходар, како и нуклеарната централа Запорожје, беа заземени од руските сили на почетокот на март.

Дмитро Орлов, лојален на Киев, се засолни во Запорожје, голем град во областа.

Нуклеарната централа Запорожје од минатата недела е цел на гранатирање, за што двете страни меѓусебно се обвинуваат, што ги подгрева стравувањата од нуклеарна катастрофа, поради што во четвртокот се состана Советот за безбедност на ОН.

Можете да прочитате

Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија

Лавров се сретна со севернокорејскиот лидер

Откриена причината за падот на авионот на „Ер Индија“