Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Еквадор може да биде исфрлен од СП- Кастиљо го фалсификувал пасошот

Img 7972

На Еквадор повторно му се заканува исфрлање од Мундијалот. ФИФА одби една од жалбите на Чиле, сега се појавија нови докази. Бајрон Кастиљо наводно фалсификувал документи.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува британски „Дејли мејл“, Кастиљо, кој игра на позицијата десен бек, во квалификациите одиграл осум натпревари, а нема еквадорско државјанство, бидејќи е роден во Колумбија.

„Дојдовме до документи кои покажуваат дека Кастиљо има два различни изводи од матичната книга на родените. Едниот од Колумбија, а другиот од Еквадор. Во колумбискиот стои дека е роден на 25 јули 1995 година, а во еквадорскиот е датумот 10. ноември 1998 година. И двајцата имаат исти имиња на родители, таткото Харисон Хавиер Кастиљо и мајката Олга Еугенија Сегура Ортиз“, се вели во текстот.

Светското првенство започнува на 20.ноември, со мечот меѓу домаќинот Катар и Еквадор.

Мали се шансите една репрезентација да биде исфрлена на три месеци пред почетокот на Светското првенство.

„ФИФА намерно го одолговлекува овој случај, знаат дека е Колумбиец. Во Еквадор има епидемија на лажни документи и ФИФА не презема ништо околу тоа“, изјавил неименуван извор за овој „Дејли мејл“.

Еквадор е во групата А со Катар, Сенегал и Холандија.

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН