Утрински Весник
Свет

Поради кризата Британците почнаа сами да си вадат заби

Во повеќето делови на Велика Британија е тешко, па дури и невозможно да закажете состанок со стоматолог како нов пациент, поради што многу Британци станаа свои стоматолози, јавува „Би-Би-Си“.

dobivaj vesti na viber

Девет од десет стоматолошки ординации на NHS повеќе не примаат нови возрасни пациенти, според истражувањето на јавниот сервис.

Осум од десет дури и не прифаќаат нови деца за пациенти, а пациентот што ќе го примат мора сам да плати за процедурата.

„Би-Би-Си“ укажува на драматичните последици од недостигот на стоматолози во Велика Британија.

Во извештајот на јавниот сервис, се наведува дека многу Британци мораат да патуваат стотици километри за лекување на стоматолог, или сами да ги вадат забите без анестезија, односно да импровизираат мостови.

Проблеми имало и во други здравствени области“, изјави министерот за здравство – Стив Баркли за весникот „Телеграф“. Тој оцени дека државата наесен ќе се соочи со сериозни предизвици во здравството.

Поради Брегзит, многу странски лекари мора да ја напуштат земјата.

Можете да прочитате

Иран го објави главниот услов за завршување на војната

ВИДЕО: Жесток напад на Иран врз Емиратите, огромен пожар во клучно нафтено складиште

Русија: Уништивме 250 украински дронови што се движеа кон Москва во текот на викендот