Утрински Весник
Свет

Во Франција изгореа 6.000 хектари шума, евакуирани се 8.000 луѓе

Еден месец по избувнувањето на огромниот пожар во југозападна Франција, пожарот денеска повторно се разгоре и проголта 6.000 хектари шума, по што беа евакуирани 8.000 луѓе.

dobivaj vesti na viber

Франција во моментов е погодена од нов топлотен бран кој ја влошува сушата во земјата. Генерално е помалку топло отколку за време на топлотниот бран во средината на јули, кога беа срушени многу рекорди со температури над 40 степени Целзиусови.

Пожарот, кој избувна во вчера попладне во департманот Жиронд, зафати 6.000 хектари шума.

Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманен, кој денеска го посети јужниот дел на Франција каде има и шумски пожари, изјави дека постои можност некој да го подметнал новиот пожар на југоисток.

„Осум пожари избувнаа утринава од 08:00 до 9:00 часот и на оддалеченост од неколку стотици метри, што е сосема невообичаено (за шумски пожари)“ – рече Дарманен, додавајќи дека многу шумски пожари се подметнување пожар или последица од човечка негрижа.

Во последниот топлотен бран во средината на јули, во департманот Жиронд изгореа повеќе од 20.000 хектари шума, а 36.000 луѓе беа евакуирани.

Можете да прочитате

Папата Лав Четиринаесетти ја изложи визијата за папството, вештачката интелигенција како главен предизвик за човештвото

Пакистан објави дека неговиот воздушен простор е повторно отворен по прекинот на огнот со Индија

Макрон, Стармер, Мерц и Туск му испратија порака на Путин од Киев