Утрински Весник
Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособната влада на СДСМ и ДУИ, Македонија меѓу државите со највисока инфлација

Ss2

Македонија урива рекорди породи катастрофалното справување со економската криза. Македонија е меѓу земјите со најголема инфлација во Европа. Големиот процент на инфлација го јаде и така кревкиот животен стандард на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека неуспешното справување со инфлацијата од страна на Владата на СДСМ и ДУИ и од страна на Народната банка нѐ искачи веќе подолг временски период на врвот на листата во Европа според висината на стапката на инфлација.

Img 5587

И во јули, според објавените податоци за годишната инфлација (на 21 држава), Македонија е на 4-тото место. Вкупно 17 држави имаат пониска инфлација, а само три имаат повисока инфлација од регистрираната во Македонија. Годишната инфлација во Македонија е и двојно повисока од годишната инфлација во Албанија во јули 2022 година.

Ова покажува дека животот поскапе значајно повеќе кај нас дома отколку во Европа. Воедно, ако на ова додадеме дека порастот кај платите не ја следи стапката на инфлација во повеќето сектори во економијата, тогаш јасно е дека народот е значајно осиромашен.

Наместо мерки за спречување на економската криза и помош за граѓаните и најранливите категории, државата се решава да удри директно по џебот на граѓаните и со зголемување на даноци да го полни испразнетиот буџет.

Оваа Влада ни донесе национална и економска катастрофа. За излез од оваа економска катастрофа која и се случува на државата и за запирање на сите национални предавства потребни ни се предвремени парламентарни избори, се вели во соопштението.

Ss1

Можете да прочитате

Скопје и Рига од денеска поврзани со авио-линија

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром