Утрински Весник
Свет

Прв случај на мајмунски сипаници кај дете во Германија

Прв случај на мајмунски сипаници е откриен кај дете во Германија. Досега во таа земја се регистрирани повеќе од 2.900 случаи на мајмунски сипаници.

dobivaj vesti na viber

Германскиот институт за јавно здравје „Роберт Кох“ соопшти дека е заразено четиригодишно девојче од градот Форхајм на југозападот на Германија.

Девојчето кое живее во заедничко домаќинство со двајца заразени засега нема никакви симптоми. Болеста била откриена при преглед, кога и зеле брис од грлото. Девојчето немало контакт со никој надвор од нејзиното домаќинство.

Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден во Германија пред неполни три месеци, а од тогаш се регистрирани вкупно над 2.900. Повеќето од заразените се мажи, а само седум се жени.

Институтот „Роберт Кох“ нагласи дека според досегашните сознанија, вирусот се пренесува преку близок контакт, главно при сексуален однос. Според нив, најголемиот дел од заразените немаат тежок тек на болеста.

Во почетокот на мај, мајмунските сипаници почнаа да се шират низ светот од земјите од Западна и Централна Африка, каде што болеста е ендемична.

Најмногу нови случаи на инфекција се регистрирани во Западна Европа. Според Светската здравствена организација, само неколку деца се заразени во светот.

Можете да прочитате

Трамп најави укинување на санкциите кон Иран „во соодветен момент“ и нова воена помош за Украина

Иранскиот претседател Пезешкијан во интервју за Такер Карлсон: „Сакаме мир, но ќе се браниме ако сме нападнати“

Силва: Светот нема потреба од император