Утрински Весник
Македонија

Подољак ѝ се заблагодари на Македонија за донацијата од тенкови: Пријателот се познава во неволја

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак се заблагодари на донацијата што Украина ја доби од Македонија.

dobivaj vesti na viber

Донацијата што Македонија ѝ ја испрати на Украина се состои од тенкови Т-72. Тоа се тенковите Су-25 што земјава ги набави од Украина за време на конфликтот во 2001 година.

Подољак на Твитер се заблагодари на украински и на македонски јазик.

„ Пријателот се познава во неволја. Не е важно со каква големина е твојата земја, важно е какво е срцето. Многу народи денес ќе покажат повеќе храброст од половина од Г20, како Северна Македонија, која ѝ пружи помош на Украина Ние никогаш нема да го заборавиме ова“ напиша Подољак.

Можете да прочитате

Работник тешко повреден во Петровец

ЕУ ги поедноставува дозволите за рудници, Иловица повеќе од две децении чека реализација

Уште една кривична пријава за екс градоначалникот на Струмица, Костадинов