Утрински Весник
Свет

Службеник на Министерството за одбрана на Тајван пронајден мртов во хотелска соба

Заменик-шефот на единицата за истражување и развој на Министерството за одбрана на Тајван е пронајден мртов утрово во хотелска соба, јавува Ројтерс, повикувајќи се на официјалната тајванска централна новинска агенција.

dobivaj vesti na viber

Оу Јанг Ли-Хсинг, заменик-шеф на Националниот институт за наука и технологија, во сопственост на војската, е пронајден мртов во хотелска соба во јужниот дел на Тајван, а властите ги истражуваат причините за смртта, објави CAN, пренесува Ројтерс.

Оу Јанг беше на службено патување во јужниот дел на округот Пингтунг и ја презеде функцијата на почетокот на оваа година за да надгледува различни проекти за производство на проектили.

Тајванскиот Национален институт за наука и технологија се обидува да го зголеми годишното производство на ракети до близу 500, што значително го надминува претходното годишно производство, бидејќи Тајван тврди дека Кина воено му се заканува сè повеќе, наведува Ројтерс.

Можете да прочитате

Русите вечерва треба да соопштат кој ќе оди на преговори во Турција

Трамп: Сè уште размислувам дали ќе присуствувам на преговорите за Украина во Турција

Колумбија се приклучува кон кинеската иницијатива „Појас и пат“