Утрински Весник
Свет

Израелците ја бомбардираа Газа, убиен командант на Исламски џихад

Img 5587

Израелските сили (ИДФ) бомбардираа цели во Газа за кои тврдат дека се поврзани со Исламскиот џихад и го убиле командантот на тоа исламистичко милитантно движење кој најави одмазда тврдејќи дека може да го погоди и Тел Авив.

dobivaj vesti na viber

Локалните здравствени власти соопштија дека во нападот загинале најмалку 10 лица, меѓу кои и едно петгодишно дете, а 44 се ранети. Нападот уследи по неколкудневните ескалации на тензиите по апсењето на палестинскиот милитантен водач во текот на неделата.

Img 5587

„ ИДФ во моментов напаѓа во Појасот Газа. Прогласена е посебна ситуација на израелскиот домашен фронт“, соопшти армијата.

Претставник на палестинскиот Исламски џихад изјави дека Тајсер ал Џабари, висок командант на движењето, бил убиен во нападите, кои погодиле неколку цели во густо населената област.

Нападите доаѓаат откако Израел го уапси Басам ал Саади, висок водач на палестинската исламистичка џихадистичка група, за време на рација во окупираниот град Џенин на Западниот Брег претходно оваа недела.

Последователно, сите премини во Газа и околните патишта беа затворени поради страв од репресалии од група со седиште во Газа.

Во изјавата емитувана на ТВ Ал Мајадин, проирански либански канал, лидерот на исламските џихадисти Зиад ал Нахала вети одмазда за нападите.

Газа, тесен појас на земја на кој живеат 2,3 милиони луѓе на 365 квадратни километри, е постојана точка на конфликт откако Хамас ја презеде контролата врз областа во 2007 година.

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема