Утрински Весник
Свет

(Видео) Снимен удар на гром во близина на Белата куќа, загинаа маж и жена

Dik 300x250 mk

Постар брачен пар од Висконсин им подлегна на повредите откако денеска ги удри гром во близина на Белата куќа во Вашингтон, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Загинаа Џејмс Милер (76) и Дона Милер (75), а уште две лица кои беа погодени од громот се хоспитализирани, јавува Би-Би-Си. Жртвите биле во паркот Лафајет за време на вчерашното невреме кога биле погодени од гром, соопштија пожарникарите.

Паркот е во близина на седиштето на американското претседателство, па членовите на американската тајна служба беа меѓу првите кои им помогнаа на настраданите. Белата куќа изрази сочувство до семејствата на жртвите и повредените.

Прес секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер рече дека сите „се молат за оние кои сè уште се борат за своите животи“.

Гром погоди четири лица во близина на дрво до оградата околу комплексот на Белата куќа.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за грмотевици за областа во четвртокот.

Плоштадот Лафајет е јавен парк недалеку од Белата куќа. Често е преполн со посетители, особено во лето.

Можете да прочитате

Украинците погодија брана во Русија

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција