Утрински Весник
Македонија

МНР: Бугарскиот конзул немаше право да присустува на увидот на Комисијата во клубот „Ванчо Михајлов“

Министерството за надворешни работи соопшти дека бугарскиот конзул во Македонија, Димитар Иванов немал право да присуствува во увидот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Културниот центар во Битола „Ванчо Михајлов“.

dobivaj vesti na viber

„ Што се однесува до присуството на Генералниот конзул на Република Бугарија во Република Северна Македонија, со седиште во Битола, Димитар Иванов, за време на увидот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во просториите на Културниот центар во Битола, Министерството нагласува дека согласно Конвенцијата за конзуларни работи, тој немаше право да биде присутен на увидот бидејќи се работи за постапка во која се вклучени две здруженија, правни лица од Северна Македонија, регистрирани согласно постојните законски прописи на државата.

Г-динот Иванов има право да ги застапува правата и интересите на државјаните на Република Бугарија кои живеат во Република Северна Македонија, но не и правата и интересите на здружение на граѓани регистрирано во Република Северна Македонија“ соопшти МНР.

Министерството за надворешни работи ги охрабрува сите граѓани да ги користат правните механизми за заштита од дискриминација, како примарен начин за заштита на своите права и слободи. Исто така, укажува на обврската на сите институции, во случајот на Комисијата која покрива особено чувствителна проблематика, професионално и објективно да пристапуваат кон ваквите претставки и предмети, со цел да се одбегне било каква политизација во решавањето и заштитата на правата на физичките и правни субјекти.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Али Ахмети, дијаспората заслужува одговор – со каков договор ја предаде?

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ни следува долг, сушен и многу топол период, опасност од шумски пожари!

Средба на Еди Рама и Али Ахмети во Скопје – „Нема поделба на европскиот пат“