Утрински Весник
Свет

Бегал од полиција со возило полно со мигранти, тројца од нив настрадале

Најмалку три лица загинаа денеска, а 11 се повредени во несреќа предизвикана од шверцер на луѓе на југот на Унгарија, соопшти полицијата на округот Бац-Кискун.

dobivaj vesti na viber

Како што информираат, маж од Грузија со автомобил се обидел да прошверцува 15 лица низ Унгарија. Тој одбил да застане на полициска проверка и се обидел да побегне, јавува „МТИ“.

Потоа предизвикал судир со тоа што не ја намалил брзината додека се приближувал до раскрсницата и не пропуштал возило кое му се приближувало од десната страна. Двата автомобили паднале во канал покрај патот и се запалиле.

Двајца илегални мигранти, кои биле во возилото на шверцерот, починале на лице место, а третото лице починало во болница.

За возачот од Грузија се води истрага за шверц на луѓе и несовесно возење, што довело до голема несреќа.

Можете да прочитате

ОПЕК се согласи на умерено зголемување на производството на нафта по излегувањето на ОАЕ

Папата го одбележа Светскиот ден на слободата на медиумите, изразувајќи жалење за убиствата на новинари

Двајца американски војници исчезнати по годишната вежба во Мароко