Утрински Весник
Македонија

Се чистеше Транспортниот центар под Железничка и кејот на Вардар

Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе активности за чистење на транспортниот центар под Железничката станица во Скопје, каде што беа отстранети приближно 10м3 отпад од диви депонии.

dobivaj vesti na viber

Оттаму информираат дека во организација на Градот Скопје се одвива акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар, во којашто учествуваат сите јавни градски претпријатија.

Во рамките на акцијата се реализира чистење на пешачките и велосипедските патеки, како и рачно миење на целокупниот простор на кејот.

„ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно се соочува со опожарување на садовите наменети за одлагање на отпадот. Во текот на вчерашниот ден, беа опожарени два контејнера со зафатнина од 3,2м3, лоцирани на главната улица во општината Ѓорче Петров. Опожарените контејнери се целосно неупотребливи и веднаш беа заменети со нови садови, со цел да не дојде до нарушување на динамиката на одлагање и собирање на комуналниот отпад во оваа скопска општина“ информираат од ЈПКХС.

Можете да прочитате

Трипуновски: Секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара 

Трипуновски од Росоман: Земјоделците ги креираат идните политики во земјоделскиот сектор 

Шерифовиќ објави албум со детски песни една му посвети на нејзиниот син