Утрински Весник
Свет

Лавров: Русија е подготвена да разговара за размена на затвореници со САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е подготвена да разговара со Вашингтон за размена на затвореници преку постоечките дипломатски канали.

dobivaj vesti na viber

„Подготвени сме да разговараме на оваа тема, но во рамките на каналите за кои се договорија претседателите Путин и Бајден“, изјави Лавров за ТАСС.

Судот во Русија вчера ја осуди американската кошаркарка Бритни Грајнер на девет години затвор поради шверц на дрога.

Ројтерс наведува дека пресудата може да го отвори патот за размена на Грајнер за рускиот трговец со оружје Виктор Бут.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови