Утрински Весник
Спорт

Шаќири: Заслуживме реми во Стокхолм

Шкендија остана непоразена (1:1) на гостувањето против АИК во Стокхолм и сега има шанса на реваншот во Скопје да го зададе решавачкиот удар за пласман во плејофот за влез во групите од Конференциската лига на УЕФА.

dobivaj vesti na viber

Тренерот Артим Шаќири вели дека ремито е заслужено, а шансите за пласман понатаму се подеднакви за двете екипи.

„Шансите и понатаму се 50-50. Не очекува тежок натпревар и на реваншот во Скопје, АИК докажа дека е квалитетен тим, но ние ова реми апсолутно го заслуживме. На вториот натпревар ќе ја имаме поддршката од публиката и се надевам дека тоа ќе не води кон триумф“, изјави Артим Шаќири.

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1