Утрински Весник
Спорт

Грција на крајот пресилна – нов пораз на јуниорите

И покрај доброто прво полувреме, македонската јуниорска кошаркарска репрезентација го забележа и петтиот пораз на Европското првенство во Измир, откако Грција со 77:61 беше подобрата репрезентација во меч за пласман од 9. до 16. место.

dobivaj vesti na viber

Грците имаа одлична прва четвртина, во која поведе со 23:17, меѓутоа избраниците на Тони Симиќ се вратија во втората четвртина за на полувреме да имаат еден поен предност (39:38). Но, во второто полувреме беше очигледен падот на играта, за Грците да направат двоцифрена предност, која ја заддржа до крајот.

Фото: КФМ

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1