Утрински Весник
Спорт

Лапорта: Не сум „коцкар“, сите ризици во Барселона се калкулирани

Dik 300x250 mk

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта стои зад сите одлуки кои ги донел клубот ова лето, од спектакуларните засилувања и покрај финансиската криза, до продавањето на дел од интересите на клубот за да се пополни дупката во буџетот.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „Њујорк тајмс“, Лапорта зборуваше за сите проблеми кои го мачат каталонскиот клуб по спектакуларното трансфер лето по една од најлошите сезони во последните неколку децении за клубот.

„Продавањето на 25 отсто од ‘Барса студиос’ беше одлуката која, да бидеме искрени, не сакав да ја направам. Но, тоа беше потребно. Јас не сум коцкар, сите ризици кои ги преземам се калкулирани. Во моето време во клубот поставив високи очекувања и затоа мораме да успееме. Навивачите на Барселона низ целиот свет, некои 400 милиони, бараат одредено ниво на успех и победите и трофеите остануваат прв приоритет“, објаснува Лапорта.

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен