Утрински Весник
Македонија

Управа за извршување санкции: Немало организирано учество на затворски полицајци на Илинден во Крушево

„Управата за извршување на санкциите со внимание ги проследи објавите на електронските медиуми во кои партијата `Левица`бара од министерот за правда да го разреши директорот на КПУ Затвор Скопје – Филип Андов за наводно ангажирање на припадници на затворската полиција од Затворот Скопје и малтретирање на партиски член на прославата на државниот празник Илинден.

dobivaj vesti na viber

Управата ја провери веродостојноста на наводите од текстот погоре, и побара информација од директорот на КПУ Затвор Скопје.

Согласно добиените сознанија, Управата за извршување на санкциите демантира какво било организирано учество на припадници на затворската полиција во настанот кој се случил во Крушево.

Припадниците на затворската полиција ги извршуваат своите работни задачи институционално т.е. во казнено-поправните установи каде се вработени и немаат никакви овластувања да постапуваат по ничија наредба надвор од затворскиот систем и поврзано со службените задачи, како и вон работното време.

Доколку некој во приватно својство учествува во таков или сличен настан, не може обвинувањата да се упатат на кој било функционер кој раководи со институцијата и на сите припадници на затворската полиција, како и да се политизира настан кој нема таква позадина“ се вели во соопштението кое го испратија од Министерството за правда.

Можете да прочитате

Вечерва вооружено лице држи заложници, неофицијално има и мртви во Прилеп

Шекеринска: Русија е главна закана за НАТО – зголемување на одбранбените буџети е историска потреба

Комеморација без сите деца? Скандал околу организирањето на одбележувањето во Кочани