Утрински Весник
Свет

Германија подготвува епидемиолошки мерки за зимата – училиштата нема да бидат затворени

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах и министерот за правда Марко Бушман ги подготвија мерките за корона за зимата.

dobivaj vesti na viber

Новите мерки, кои би се применувале од 1 октомври годинава до 7 април следната година, предвидуваат покраините да можат да ја вратат обврската за носење маски во угостителските објекти, кината, театрите, јавниот превоз, болниците.

Алтернатива на тоа е негативен тест или потврда за закрепнување или вакцинација, која не е постара од три месеци. Тоа значи дека дури и оние кои примиле бустер доза ќе мора повторно да се вакцинираат.

Четвртата доза моментално се препорачува само за лица над 60 години и медицински персонал.

Бушман и Лаутербах порачаа дека училиштата нема да бидат затворени, но дека доколку е потребно одржување  наставата, ќе воведат обврска за носење маски.

Германските власти имаат намера, и покрај жестоките критики, да одржат задолжителен карантин за заразените лица, пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Полска најави нов пакет воена помош за Украина од 56 милиони долари

Трамп ги поддржа премиерката Такаичи и Орбан пред парламентарните избори во Јапонија и Унгарија

36 клинички извештаи за деца со симптоми на труење поврзани со повлечена бебешка формула во Велика Британија