Утрински Весник
Свет

Зеленски ја критикуваше светската безбедносна архитектура, го спомена и Балканот

Претседателот на Украина Володимир Зеленски во своето последно видео обраќање, критикувајќи ја светската безбедносна архитектура, го спомена и Балканот.

dobivaj vesti na viber

Имено, тој рече дека светската безбедносна архитектура е целосно неадекватна, велејќи дека тоа го посочиле не само војната во неговата татковина, туку и оние на Балканот, Тајван и Кавказ.

Во своето обраќање Зеленски уште еднаш ја обвини Русија за кршење на меѓународното право со напад на неговата земја. Тој ја гледа 2014 година како пресвртница на сè, кога меѓународната заедница ја пушти Русија да остане неказнета по анексијата на Крим или соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ над Донбас.

– Војната во Украина покажа колку е кревка слободата. Потребна е солидна глобална безбедносна архитектура за да се осигура дека ниту една земја никогаш повеќе нема да може да врши терор врз друга земја – рече Зеленски.

Украинскиот претседател додаде дека Русија само се преправа дека сака преговори, пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови