Утрински Весник
Македонија

Зечевиќ од Присојница: Маврово и Ростуше ќе продолжи со напредокот со глас за Куртовски и СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ попладнево беше меѓу граѓаните на општина Маврово и Ростуше.

dobivaj vesti na viber

На маалска средба во населеното место Присојница, Зечевиќ истакна дека Медат Куртовски и СДСМ во изминатиот период реализираа бројни проекти што го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.

Генералниот секретар ги повика граѓаните на 20 август да го дадат поддршка на програмата и понудата на Куртовски и СДСМ затоа што тоа е гаранција дека Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива како модерна европска општина.

„ Мештаните на Присојница знаат дека СДСМ ветеното го исполнува. Изградба на локалниот пат “Надабје” до селото Присојница, локалниот пат со кој се поврзуваат населените места Присојница и Аџиевци…

Над 60 проекти се реализирани во општината Маврово и Ростуше, а уште толку од кои и капитални проекти кандидатот за градоначалник Медат Куртовски има предвидено во новиот мандат.

Со глас за Медат и СДСМ, Маврово и Ростуше продолжува по патот на напредокот, да гласаме за број 1″ порача Зечевиќ.

Можете да прочитате

Костадинов: Вечерашната одлука на СДСМ е чекор напред и простор за вистинска промена

Возачите преку апликација најдоа начин како да ги избегнат казните

Раководството и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки, СДСМ внесува нова енергија