Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Пронајдени уште две жртви од пожарот во Калифорнија

300x250 opst2

Уште две тела се пронајдени во област изгорена од шумски пожар што беснее веќе петти ден во северна Калифорнија во близина на границата со Орегон, со што бројот на жртвите од најголемиот шумски пожар во државата оваа година се искачи на четири, соопштија официјални лица.

dobivaj vesti na viber

Последните две жртви се пронајдени во посебни домови покрај автопатот што минува низ пожарна зона во Националната шума Кламат на околу 500 километри северно од Сан Франциско, се вели во соопштението на Канцеларијата на шерифот на округот Сискију.

Посмртните останки на уште две лица, кои очигледно се обиделе да избегаат од пожарот во последен момент, биле откриени во неделата во изгорен автомобил покрај истиот автопат, соопштија претставници на шерифот.

Властите соопштија дека нема да бидат објавени дополнителни информации за ниту една од жртвите додека не се изврши идентификација и додека не се известат најблиските.

Откако избувна во петокот, пожарот уништи повеќе од 56.000 хектари шума, висока трева и четка, соопштија во вторник пожарникарите.

Околу 4.500 луѓе добија наредба да се евакуираат во вторникот, изјави портпаролката на шерифот Кортни Крајдер, истакнувајќи дека околу 100 објекти се зафатени во пламен.

Речиси 5.000 станбени згради низ округот се загрозени од пламените јазици, пренесуваат светските агенции.

Можете да прочитате

Кремљ: Русија е длабоко загрижена за можноста САД да испорачаат ракети „Томахавк“ на Украина

Талибанците објавија дека убиле 58 пакистански војници

Во Јужна Кореја издадено предупредување за евакуација