Утрински Весник
Свет

Министерство за надворешни работи на Тајван: Посетата на Пелоси е доказ за челична американска поддршка

Министерството за надворешни работи на Тајван соопшти дека денешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на земјата ја покажува американската „челична поддршка“ за Тајван.

dobivaj vesti na viber

Тајванското министерство ѝ изрази најискрено добредојде на Ненси Пелоси, наведувајќи дека нејзината посета ќе придонесе за подобрување на односите меѓу Тајван и САД, објави „Ројтерс“.

Истовремено, од кабинетот на тајванскиот претседател соопштија дека Тајван се надева оти посетата на Пелоси ќе придонесе за продлабочување на соработката меѓу двете земји, како и за мирот и стабилноста во индо-пацифичкиот регион, пренесе британската агенција.

Можете да прочитате

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?

Речиси 1.000 апсења низ цела Франција по судирите на демонстрантите со полицијата

Белгород погоден од украински беспилотни летала – еден убиен, 14 ранети