Утрински Весник
Свет

Пелоси: Поддршка за нашиот партнер

По пристигнувањето во Тајван, претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, што предизвика бран на реакции, се огласи на Твитер.

dobivaj vesti na viber

„ Посетата на нашата делегација на Тајван оддава почит на непоколебливата посветеност на Америка за поддршка на тајванската демократија. Нашите разговори со раководството на Тајван ја потврдуваат нашата поддршка за нашиот партнер и ги унапредуваат нашите заеднички интереси, вклучително и унапредување на слободен и отворен индо-пацифички регион“, напиша Пелоси на Твитер.

Пелоси, инаку, е највисокиот американски функционер што го посетил островот во последните 25 години.

Можете да прочитате

Заедничка изјава на лидерите од ЕУ: Следниот чекор е самит Путин-Трамп-Зеленски

Медведев: Средбата покажа дека преговори се можни без никакви предуслови

Повеќе од 320 мртви во обилните дождови во Пакистан