Утрински Весник
Спорт

Дивјачки напад над фудбалска судијка во Аргентина

Од Аргентина ни доаѓа видео со несфатлива агресија на фудбалските терени, откако фудбалерот Кристијан Тироне ја нападна судијката Далма Магали Кортади, предизвикувајќи хаос на теренот.

dobivaj vesti na viber

Во провинцијата Гонзалез Чавез во Буенос Аирес, на мечот помеѓу Депортиво Гарменсе, кои имале 2:1 водство против Индепеденсија де Чавез, кога Кортади досудила фаул за противниците на Тироне, Индепеденсија, тој ја загубил контролта и ја удрил Кортади одзади. Мечот беше веднаш прекинат, а полицијат веднаш го уапси насилникот.

Според спортскиот весник „Оле“, Тироне е во притвор во локалната полициска станица, додека Кортади завршила во болница поради ударот во главата. Таа сепак, ветила дека ќе продолжи со својата кариера.

„Најважно е правдата да биде задоволена и то да не се повтори, ниту мене, ниту на било кој друг судија. Не е важен мојот пол. Сите одиме на работа и ја вршиме нашата професија со љубов. Сакам само овој човек да плати за тоа што го направи“, изјавила Кортади.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина