Утрински Весник
Свет

Пекинг со предупредување до Вашингтон: Нема да седиме со скрстени раце

Кинеската војска „нема да седи со скрстени раце“ доколку претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети Тајван, предупреди портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.

dobivaj vesti na viber

Тој на редовниот брифинг на кинеското Министерство за надворешни работи рече дека посетата на Пелоси на Тајван, како трет по ранг функционер на американската влада, ќе има невидени политички последици, пренесува „Ројтерс“.

Пелоси денеска пристигна во Сингапур каде ја започнува својата азиска турнеја, но се уште не се знае дали ќе оди и во Тајван.

Кинескиот претседател Шји Џинпинг го предупреди својот американски колега Џозеф Бајден за време на телефонскиот разговор минатата недела да не се меша во работите на Пекинг со островот. Пекинг смета дека официјалниот контакт на САД со Тајван го охрабрува Тајпеј да постигне независност, но американските лидери го негираат тоа.

Доколку го посети Тајван, Пелоси ќе биде највисокиот американски функционер што го посетил Тајван од 1997 година, кога тогашниот претседател на Претставничкиот дом Њут Гингрич го посети островот.

Администрацијата на Бајден се обиде да го убеди Пекинг дека нема причина за кавга и дека доколку се случи таква посета на Пелоси, тоа нема да биде знак за промена на американската политика.

Можете да прочитате

ЕК ја казни компанијата „Али експрес“ со 550 милиони евра 

Русија тврди дека пет лица загинале во украински напад со дрон врз автобус во Белгород

Иран изврши нови напади врз Кувајт и Бахреин