Утрински Весник
Магазин

Вил Смит се огласи на својот Јутјуб-канал за да се извини за оскаровската шлаканица

Вил Смит откри дека стапил во контакт со Крис Рок откако му удри шлаканица на „Оскарите“, но комичарот, наводно, рекол дека не е подготвен да разговара.

dobivaj vesti na viber

Скандалот се случи на сцената на доделувањето на „Оскарите“ во март, откако комичарот се пошегува на сметка на сопругата на Смит.

Во петокот, актерот објави видео на својот канал на Јутјуб во кое се навраќа на инцидентот. Тој првпат говори за она што се случи, и го повтори своето извинување.

„Крис, ти се извинувам. Моето однесување беше неприфатливо“, вели тој.

„Тука сум кога ќе сакаш да разговараш со мене.“

Смит претходно само даваше писмени изјави за случката. А сега, во видеото, на неговиот сопствен канал на Јутјуб, тој одговара на прашања кои се чини дека се напишани од фановите.

Смит самиот ги чита прашањата, директно обраќајќи ѝ се на камерата.

„Последните три месеци ги поминав обидувајќи се да ги сфатам нијансите и сложеноста на она што се случи во тој момент“, вели актерот.

„Не размислував колку луѓе се повредени во тој момент… Нема дел од мене што мисли дека тоа бил вистинскиот начин да се однесувам во тој момент.“

„Го контактирав Крис и повратната порака е дека тој не е подготвен да зборува, и кога ќе биде, тој ќе ми се обрати.“

Во видеото, Смит, исто така, потенцира дека неговата сопруга не побарала од него да направи нешто за да ја одбрани откако Рок се пошегува. „Џејда немаше никаква врска со тоа,“ додава тој

„Сакам да им се извинам на моите деца и на моето семејство за ова што го направив.“

Сакам да им се извинам на сите што ги разочарав, на останатите номинирани…

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста