Утрински Весник
Свет

Во Одеса, Зеленски го гледаше товарењето жито во бродови, чекајќи да започне извозот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера го посети регионот на Одеса, каде што го следеше товарењето на жито во товарни бродови, кои, се надеваат во Украина, би требало да започнат со извоз за прв пат од почетокот на инвазијата.

dobivaj vesti na viber

Зеленски го следеше товарењето на житото во пристаништето Чорноморск.

Москва потпиша договор со Украина, Турција и ОН со кој се обврзува да не ги напаѓа бродовите што извезуваат жито и други прехранбени производи од три украински пристаништа.

Украина се надева дека благодарение на овој договор ќе може да извезе десетици милиони тони жито, кои се блокирани во пристаништата од почетокот на војната. Извозот на украинското жито треба да го намали притисокот врз цените на храната ширум светот, особено во Африка и на Блискиот Исток.

Можете да прочитате

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет