Утрински Весник
Свет

Тенковите што ги донира Македонија биле купени од Украина, а не донација од Русија, велат од партијата на Георгиевски

ВМРО-Народна партија во врска со дискусијата која се отвори деновиве за потеклото на тенковите кои се подаруваат на Украина, појасни дека ако се работи за истите тенкови кои се набавени во кризата 2001 година, тие не се донирани од Русија туку купени од Украина.

dobivaj vesti na viber

„Сакаме да потенцираме дека тенковите Република Македонија не ги доби како донација од Русија, како што пишуваат некои медиуми, туку државата ги купи од Украина, што беше многу важна помош со оглед дека тогаш имаше неофицијално емабрго за продажба на оружје за Македонија. Сакаме да додадеме и нагласиме дека дека тенковите не се добиени како помош туку се купени со македонски пари“, велат од партијата на Љубчо Георгиевски кој во 2001 година беше на чело на државата.

Оттука коментираат дека со оглед на околностите, добро е Северна Македонија да добие некаква компензација од НАТО земјите со оглед на фактот дека ова оружје е сеуште функционално и употребливо

Можете да прочитате

Зеленски: Ни понудија членство во НАТО, ако се откажеме од Донбас

ИРГК: Иран има ракети со двотонски боеви глави и дострел од 1.500 км

Мајкрософт се врати во нормала