Утрински Весник
Спорт

Левандовски: Некои во Баерн рекоа многу лаги за мене

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, ги обвини челниците на неговиот поранешен клуб Баерн дека ширеле лаги за неговото заминување од клубот.

dobivaj vesti na viber

Полскиот фудбалер по осум години реши да ги напушти редовите на баварскиот гигант и направи се за да го напушти клубот. По заминувањето, тој тврди дека првите луѓе на Баерн треба да престанат да шират лаги за него.

Се зборуваше дека Левандовски бил навреден бидејќи Баерн Минхен сакал да го замени со Ерлинг Халанд. Тој вели дека тоа не е вистина.

„Тоа нема никаква врска со Ерлинг. Јас сум човек кому вистината му е најважна, дури и кога е лоша за мене. Не сакам да ви откријам што точно се случи, но тоа не е поради него. Одредени луѓе ме излажаа, едно зборуваа, а друго правеа. Сакав се да биде чисто и за некои очигледно тоа беше проблем. Го чувствував тоа и знаев дека е вистинско време да го напуштам клубот“, изјави Левандовски.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет